Достапни линкови

Танц фест 2020: Почнува „потрагата по допир“


Кристин Бонанси, една од учесничките на Танц Фест 2020

Под мотото „Потрага по допир“, годинешниот Танц Фест ќе го одбележи јубилејот 30 години современа македонска танцова сцена со учество на македонски и американски уметници, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, како и долгогодишните партнери на фестивалот.

За првпат годинава фестивалот во својата програма има фокус на една земја, односно започнува со програмата „ФОКУС:САД“ во која ќе бидат претставени пет реномирани американски кореографи. Ударниот дел од програмата на фестивалот ќе се одржи во живо, во форма на Танцов маратон на 4. и 5. Септмеври, со почеток во 20 часот, на отворената сцена на Танц Фест 2020 во парк МКЦ, додека другиот дел публиката ќе може да го проследи онлајн, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, а воедно и на неколку регионални и национални телевизии. Програмата на Танцовиот маратон онлајн ќе се пренесува на повеќе пунктови, портали и фондации во Европа и САД.

Манифестацијата ќе прикаже петнаест кореографии. Танцовиот маратон ќе се отвори со јубилејната претстава на Рисима Рисимкин „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, а за првпат ќе биде прикажан и танцов филм од домашен автор – филмот „Дома“ на кореографката Адријана Данчевска. На отворањето на 4-ти септември, во рамките на Танцовиот маратон ќе биде доделена наградата „МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцот“ на американската танцова легенда, госпоѓа Џоан Мајерс Браун. Престижната награда „МЕНАДА за млад уметник“ ќе ѝ биде доделена на Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина која доби професионален ангажман и стана дел од ансамблот на рускиот „Болшој“ театар во Москва.

XS
SM
MD
LG