Достапни линкови

Унгарија од денеска ги затвора границите поради ковид-19


Будимпешта

Унгарија денеска ги затвори своите граници поради страв од ширење на коронавирус, со што стана првата земја на ЕУ која толку сериозно ги засили ограничувањата. Границите ќе бидат затворени цел септември. „Од 1 септември странските граѓани нема да смеат да влегуваат на територијата на Унгарија“, рече Гергели Гулиас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Унгарија, која има речиси 10 милиони жители, досега регистрираше околу 5.500 позитивни на Ковид-19 и 614 смртни случаи.

Орбанизација на Европа или заштита на границите?

Оваа држава, како што неодамна рече министерката за внатрешни работи на Финска, Марија Охасало, има „најстегната гранична политика по ова прашање“. Шефот на Орбановиот Кабинет, Гулијас, пред новинарите изјави дека повеќето нови инфекции во земјата потекнуваат од странство. Тој додаде дека на унгарските државјани кои се враќаат од други земји ќе им биде дозволено да влезат ако покажат два негативни тестови за коронавирус или сами да заминат во 14-дневен карантин.

XS
SM
MD
LG