Достапни линкови

Османи: Продлабочување на стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија


Филип Рикер во Скопје

На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со Помошникот на Државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, соопшти МНР. Честитајќи му ја новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмирал силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО.

Рикер - нужни компромиси за европски Балкан

Соговорниците се согласиле дека земјава треба да продолжи на патот на европските интеграции, особено во рамките на очекуваните старт на преговорите до крајот на оваа година. На крајот од разговорот, Османи го покани Помошникот на државниот секретар да ја посети земјата, што беше со задоволство прифатено од страна на амбасадорот Рикер, кој ја најави својата посета на земјава наскоро, информира МНР.

XS
SM
MD
LG