Достапни линкови

Пропадна обидот за смена на романската Влада


Лудовик Орбан

Не успеа денешната иницијатива за смена на романската малцинска Влада на премиерот Лудовико Орбан, бидејќи и дебатата и гласањето во парламентот беа откажани заради недоволен кворум за работа и одлучување.

Британските медиуми јавуваат дека на овој начин Орбан го „преживеа“ обидот за соборување од опозициската Социјалдемократска партија, што ќе ја зајакнеше опозицијата пред локалните избори на 27 септември.

Гласање за недоверба на романската влада?

За да помине иницијативата за смена на владата на Орбан, потребен беше кворум од најмалку 233 пратеници, но на седницата се појавиле само 226. Претседателот на Долниот дом на парламентот, Марсел Чиолаку, член на социјалдемократите, изјави дека нема да има презакажување на седницата за иницијативата за смена на владата.

„Нема зошто повторно да закажуваме, иницијативата не успеа. Се боревме да обезбедиме 233 пратеници и не успеавме“, рече Чиолаку.

Социјалдемократите, кои ја изгубија власта кон крајот на минатата година, останаа најголемата парламентарна партија, но поддршката за партијата е преполовена од изборите во 2016 година. Од друга страна, Националната либерална партија (ОНЛ) на Орбан има големи шанси да формира коалициска влада по следните избори, кои најверојатно ќе се одржат во декември.

XS
SM
MD
LG