Настаните на денот низ фотографии - 31 август 2020 година.
Тепан блогер, избран премиер, затворена граница...

5
МАКЕДОНИЈА - Јас немам намера да поднесам оставка и се додека сум жив ќе се борам против оние мрачни сили кои му служат на Зоран Заев, изјави на денешната прес-конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по иницијативата на дел од неговите сопартијци и поранешни функционери тој да си замине од функцијата по поразите на последните неколку избори.

6
ФРАНЦИЈА - Давид Сасоли, Претседателот на Европскиот Парламент, преку Твитер го честиташе изборот на премиерот Зоран Заев и новата влада, со, како што напиша, продолжување на добриот напредок.

7
КОСОВО / СРБИЈА - Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, денеска изјави дека без договор за меѓусебно признавање не е можна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави МИА од Приштина.

8
СЛОВЕНИЈА - Денеска се одржа 15-тиот стратешки форум во Блед, посветен на предизвиците по пандемијата на коронавирусот. Годинашниот форум под наслов Предизвици и можности во светот по Ковид-19: Соседи - региони - Глобален свет: Партнери или ривали? се одржа како хибриден настан - дел од учесниците беа во Блед, дел онлајн.