Достапни линкови

Балтичките држави воведоа санкции за Лукашенко


илустрација, карикатура

Литванија, Латвија и Естонија денеска воведоа забрани за патувања на белорускиот претседател Александар Лукашенко и на 29 други белоруски функционери, пренесува Ројтерс. Трите балтички држави беа најгласни повикувајќи го Западот да преземе поостри мерки против Лукашенко, кого противниците и Западот го обвинуваат за изборна кражба со цел да се продолжи неговото 26-годишно владеење.

Полицијата апси, масовните протести продолжуваат во Белорусија

Санкциите се насочени кон официјални лица кои од трите балтички држави се обвинети за местење гласови и дека тие играле улога во насилството врз демонстрантите кои протестираат од изборите на 9 август. Вклучувањето на Лукашенко на списоците се смета за порака до другите европски земји кои не сакаат да ги поддржат мерките против него лично. Лукашенко пак, негира изборни измами и според него демонстрантите имаат поддршка од странство.

Во меѓувреме Европската унија работи на свој список на лица од Белорусија кои треба да бидат мета на слични санкции. Инаку Литванија ја вдоми кандидатката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која избега таму веднаш по изборите. Тихановскаја пак во петок ќе се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на покана на Естонија, соопшти нејзината портпаролка.

XS
SM
MD
LG