Достапни линкови

Заев со министрите на прием кај Пендаровски


Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и министрите кај претседателот Стево Пендаровски

По изборот на составот на новата Влада, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата. Според соопштението од Претседателскиот кабинет, Пендаровски очекува новиот владин состав успешно да работи на интеграцијата во ЕУ, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Собранието синоќа, по два дена дебата, со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани ја избра новата Влада. По гласањето пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваа на давањето заклетва на министрите и на потпишувањето на свечените изјави.

Премиерот Заев, по средбата, рече дека „имаат доволно аргументи да го убедат претседателот Пендаровски дека ги обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја“.

XS
SM
MD
LG