Достапни линкови

11 нови случаи на Ковид-19, тројца починати и 95 оздравени


Илустрација - Земање примерок од крв за тестирање за Ковид-19 на Клиника за инфективни болести во Скопје.

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се направени 450 тестирања, при што се регистрирани 11 новозаразени со коронавирус, тројца починати и 95 оздравени пациенти.

„Од новозаразените, три случаи се во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево. Починати се три лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.

XS
SM
MD
LG