Достапни линкови

За 24 часа 321 прекршок за неносење заштитна маска


Илустрација - Жителка на Скопје со заштитна маска поминува покрај плакат со предупредување за задолжително носење заштита за лице во затворени јавни објекти.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, биле регистрирани 321 прекршок.

При последното, вчерашно евидентирање, биле регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид -19.

XS
SM
MD
LG