Достапни линкови

Израелска делегација во Обединетите Арапски Емирати


Советникот на Белата куќа Џаред Кушнер со американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, САД, 25 март 2019 година.

Израел се надева дека кон средината на септември во Вашингтон ќе се одржи церемонија за потпишување на договорот за нормализација на односите со Обединетите Арапски Емирати, изјави член на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. За датумот за ваков настан, според министерот за регионална соработка Офир Акунис може да решат високи соработници на Нетанјаху и на американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Абу Даби каде што е и главниот советник на американскиот претседател Џаред Кушнер. Акунис додаде дека владата на Нетанјаху се надева дека церемонијата ќе се одржи „пред Рош Хашана“ или еврејската нова година, што е на 18 септември.

Договорот на ОАЕ и Израел за Иран е нож в грб за муслиманите

Израел и ОАЕ на 13 август објавија дека ќе ги нормализираат дипломатските односи во договорот со посредство на Трамп. Договорот, според посматрачите, го преобликува Блискоисточниот „поредок“, од палестинското прашање до односите со Иран. Официјални лица на Израел и ОАЕ држави изјавија дека ги разгледуваат опциите за соработка во одбраната, медицината, земјоделството, туризмот и технологијата.

XS
SM
MD
LG