Достапни линкови

Гласање за недоверба на романската влада?


Лудовик Орбан

Романската опозициска Социјалдемократска партија соопшти дека ги има потребните гласови за соборување на центристичкото малцинство на премиерот Лудовик Орбан, на денешното гласање за недоверба поради лошото справување со пандемијата на коронавирус. Владата го оспори гласањето во Уставниот суд, велејќи дека пратениците не можат да поднесат иницијатива за доверба додека парламентот е на одмор. Судот соопшти дека ќе одреди датум за донесување на пресудата по 1 септември, но социјалдемократите веќе го закажаа гласањето за 31 август. Аналитичарите велат дека потегот на социјалдемократите има за цел да го зајакне нивниот профил пред локалните и парламентарните избори.

Поранешниот романски премиер Понта виновен за плагијат во неговиот докторат

Социјалдемократите, ја изгубија контролата врз владата кон крајот на минатата година, но остануваат најголема партија во парламентот. Ако гласањето се одржи и владата не добие доверба, најверојатно ќе остане како привремена влада до локалните избори на 27 септември и парламентарните во декември. Центристичкиот претседател Клаус Јоханис, сојузник на владата на Орбан, постојано повторува дека не би назначил социјалдемократ за премиер, дури и ако партијата има мнозинство со другите мали партии.

XS
SM
MD
LG