Достапни линкови

Стратешки форум во Блед за можностите по пандемијата


Блед, Словенија

Денеска ќе се одржи 15-тиот стратешки форум во Блед, посветен на предизвиците по пандемијата на коронавирусот. Годинашниот форум под наслов „Предизвици и можности во светот по Ковид-19: Соседи - региони - Глобален свет: Партнери или ривали?“ ќе се одржи како хибриден настан, така што некои учесници ќе бидат во Блед, додека други ќе се обратат преку дигитални платформи. Меѓу другите, на панелот ќе зборуваат словенечкиот премиер Јанез Јанша, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан, италијанскиот премиер Џузепе Конте, бугарскиот премиер Бојко Борисов, српскиот претседател Александар Вучиќ и генералната директорка на меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева.

Лажните вести се најголем проблем за Западен Балкан

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел ќе учествува на сесијата на шефовите на дипломатијата, а најавен е и разговор со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак. Се проценува дека добрососедските односи и силните регионални иницијативи ќе играат значајна улога во редефинирање и изнаоѓање начини на глобалната заедница да се соочи со нови закани во иднина и дека ЕУ мора да ги зачува вредностите што овозможуваат напредок.

XS
SM
MD
LG