Достапни линкови

Четворица починати и 39 новозаразени од коронавирус


Илустрација - коронавирус.

Нови 39 случаи на заразени од коронавирусот (SARS-CoV-2) се регистрирани во изминатите 24 часа од направени 817тестирања, со што вкупниот број на инфекции во Северна Македонија од почетокот на епидемијата достигна 14.330 лица, од кои 2.668 се активни случаи и 11.062 се излекувани луѓе, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатото денонокие починале четири лица. Бројката на починати од Ковид -19 од избувнувањето на епидемијата, пред околу шест месеци, сега достигна вкупно 600 лица.

Од новозаразените, најмногу се во Гостивар -11, па потоа следуваат Прилеп со 8, главниот град Скопје – 7, Куманово – 3...

Истовремено Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти во изминатите 24 часа.

Досега во Северна Македонија се направени 147.819 тестирања на Ковид -19, според податоците на Министерството за здравство.

Коронавирусот првично се појави во кинескиот град Вухан на крајот на 2019 година, од каде се прошири скоро во сите делови на светот. Набргу потоа Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија.

Денеска бројот на случаи на заразени од коронавирус во светот се ближи да надмине 25 милиони, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Регистрирани се повеќе од 840. 000 смртни случаи во целиот свет.

Бројот на новозаразени забрзано расте во втората најнаселена земја во светот – Индија, која е со трета највисока стапка на инфекција по САД и Бразил.

XS
SM
MD
LG