Достапни линкови

Француски воен офицер уапсен за наводни врски со Русија


Архивска фотографија - француската министерка за одбрана Флоренс Парли ја напушта Елисејската палата во Париз.

Висок француски воен офицер е под истрага за „нарушување на безбедноста“, соопшти министерката за одбрана на земјата.

Француското радио „Европа 1“ објави дека потполковник кој служел во база на НАТО во Италија е осомничен дека пренесувал „ултра чувствителни“ документи до руските тајни служби.

Зборувајќи за радио станицата на 30 август, француската министерка за одбрана Флоренс Парли рече дека е започната судска постапка против француски висок воен функционер и дека војската на земјата презела „неопходни заштитни мерки“ по наводните прекршувања.

Парли, ниту, Министерството за одбрана не дадоа дополнителни детали за случајот.

„Европа 1“ извести дека мажот бил приведен од страна на француските тајни служби пред околу десет дена, додека се подготвувал да се врати во Италија по одморите.

Се вели дека тој останал во притвор во Париз.

XS
SM
MD
LG