Достапни линкови

Времето денеска сончево и многу топло


Илустративна фотографија - сончево време во Македонија.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15 степени, а дневната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло.

Според УХМР од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат, а во четврток и во петок се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

XS
SM
MD
LG