Достапни линкови

Нови 159 заболени од ковид-19 и петмина починати пациенти


Илустрација, белодробни крила на заболен пациент од ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2 018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 соопштува министерството за здравство. Најмногу случаи на новозаболени се евидентирани во Скопје вкупно 45 со што бројот на активни случаи изнесува 854, потоа во Куманово-26 при што бројот на активни случаи изнесува 356, и Дебар каде се евидентирани вкупно 9 нови случаи со што бројот на активни случаи се искачи на 85.

Битката со оваа болест денеска ја загубија пет пациенти, од кои една шеесетгодишна пациентка од Скопје, потоа двајца пациенти од Дебар на возраст од 43 и 86 години, еден шеесетгодишен пациент од Кичево и еден од Демир Хисар на 70 годишна возраст. Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 212 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 163, бројката на оздравени пациенти е 10 933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 640.

XS
SM
MD
LG