Достапни линкови

Филипче:Штом ќе стане достапна вакцината за ковид-19, ќе ја набавиме


Венко Филипче

Набавката за вакцината против Ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа е механизам на СЗО со кој што се обезбедува, како што вели тој, рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано.

„Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите членки на ЕУ и ние добивме писмо со понуда од Полска преку полскиот амбасадор во нашата земја. Сакам да му изразам благодарност дека може да купиме соодветна количина од нивната, предвидена за нивната земја“, изјави Филипче вчера во интервјуто за телевизија Клан.

Тој рече дека сѐ уште не се познати ниту количините, ниту каква ќе биде таа распределба по земји. Но, навремено ќе има пристап тогаш кога вакцините ќе бидат достапни.

Според стандардите на СЗО 20 проценти на вакцинирани е разумен процент за потребниот колективен имунитет. Во таа група од 20 проценти влегуваат постарите, хронично болните, децата итн. Во однос на вакцината против сезонски грип, Филипче посочи дека оваа година ќе бидат обезбедени двојно поголеми количини.

XS
SM
MD
LG