Достапни линкови

Столтенберг: Никој, па ни Русија, не треба да ѝ се меша на Белорусија


Генерланиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Никој, дури ни Русија, не би требало да се меша во прашањата на Белорусија, изјавил Генерланиот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој, во изјава за германскиот весник Билд, рекол дека Белорусија е „суверена и независна држава“.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин го пофали одговорот на Минск на постизборните протести. Тој откако ги објави подготовките на Москва за поддршка на режимот на претседателот Александар Лукашенко со руските безбедносни сили, оцени дека Кремљ е повеќе „неутрален“ за белоруската криза отколку САД или Европската унија.

XS
SM
MD
LG