Достапни линкови

Јапонскиот премиер Абе и неговите здравствени проблеми


Јапонскиот премиер Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да одржи прес-конференција, соопшти неговата канцеларија, во услови на зголемена загриженост во врска со неговата здравствена состојба, по двата прегледа во болница во рок од една недела. Претставници на владејачката партија соопштија дека здравјето на Абе е добро, но посетите, од кои едната траеше скоро осум часа, ги разгореа шпекулациите дали тој ќе може да продолжи на работа до крајот на мандатот во септември 2021 година.

Јапонската влада ќе му даде 857 евра помош на секој жител на земјата

Во понеделникот Абе го надмина рекордот за најдолг последователен мандат како премиер што го постави неговиот чичко Еисаку Сато пред половина век. Се очекува тој да понуди објаснување за неговата здравствена состојба и за справувањето со пандемијата на коронавирус.

XS
SM
MD
LG