Достапни линкови

Пелоси: Бајден не треба да прифати дебата со Трамп


Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека не треба да ома дебати меѓу претседателските кандидати, бидејќи на таков начин Џо Бајден ќе го легитимира „претседателот Доналд Трамп. Пелоси им рече на новинарите дека знае оти Бајден не се согласува со тоа, но дека верува дека Трамп ќе се однесува недостојно и оти ќе ја омаловажи смислата на дебатата.

Неконвенционална конвенција за втор мандат на Трамп

Бајден изјави дека е подготвен да се соочи со Трамп на три дебати. Пелоси додаде дека во 2016 година дебатата меѓу Трамп и Хилари Клинтон била „срамна“. Наместо тоа, таа предложи претседателските кандидати да одговараат на прашања одделно. Бајден е официјално кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, а Доналд Трамп е реизбран за таа трка на републиканската конвенција

XS
SM
MD
LG