Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател на Собранието


Конститутивна седница на Собрание на Република Северна Македонија

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, оти, како што вели, тоа е непотребен трошок за граѓаните.

Тој во гостување на Сител телевизија на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за избор на новата влада, рече дека ќе се спротивстават на лошите политики на СДСМ и Зоран Заев.

Новата влада, полу-нова, полу-стара

Јанушев рече дека понудените кадри во составот на новата влада се истрошени и стари, и како што рече, се дел од криминално рекетарска банда. Предлогот е претседателот на Собранието Талат Џафери да има пет заменици, односно пет потпретседатели на Парламентот.

XS
SM
MD
LG