Достапни линкови

Во Албанија првпат повеќе оздравени од заразени со ковид-19


Албанија.

Во Албанија регистрирана е рекордна бројка на оздравени лица од ковид-19 во едно деноноќие до сега и за првпат бројот на оздравени е повисок од оној на новозаразени.

Во изминатите 24 часа од направените 865 тестови регистрирани се нови 156 случаи со ковид-19, починале четворица пациенти, а регистрирани се 158 оздравени, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

И понатаму главни жаришта на болеста се Тирана со 101 и Драч со 12 од новозаразените лица.

Балканските земји ќе изработуваат заеднички протокол за границите

Во оваа земја до сега се направени 59.617 тестови, позитивен резултат е добиен кај 9.083, оздравеле 4.791, починале 266 додека активни на болеста се 4.026 лице. И понатаму расте бројот на лицата на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 168 или четворица повеќе од вчера, при што 21 од нив се во тешка состојба.


XS
SM
MD
LG