Достапни линкови

Саем на книга на отворено


Илустрација, книги
Илустрација, книги

Од 8 септември ќе се одржи Саем на книга 2020 на отворено, пред арената „Борис Трајковски“.

„Традицијата продолжува! И оваа година, во овие вонредни услови за живеење и работење, македонските издавачи направија напори на љубителите на пишаниот збор да им овозможат да се снабдат со добра книга“, стои во најавата за Саемот на книга, кој ќе може да се посети пред арената „Борис Трајковски“ од 8 до 14 септември.

Посетителите ќе може да се изберат книги од голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, како и книги за млади и деца.

Работното време е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез ќе чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години ќе биде 20 денари. Истите ќе може да се купат онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

XS
SM
MD
LG