Достапни линкови

„Браќа Манаки“: Златна камера 300 за Јануш Камински, Голема ѕвезда за Столе Попов


Јануш Камински

Годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, поради пандемијата, нема да се одржи како фестивалско издание, соопштија Гена Теодосиевска, директорката на Фестивалот и Игор Иванов – Изи, претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Лауреат на Златна камера 300 за животен опус е полско-американскиот кинематографер Јануш Камински, а добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ e режисерот Столе Попов.

Фестивалот е основен приоритет на Друштвото на филмски работници и Управниот одбор оджа седум состаноци низ кои ја следевме состојбата кај нас, и уште повеќе во светот со нашата фела и со останатите фестивали од висока категорија, бидејќи „Манаки“ е изграден по урнек на фестивалите од А категорија и оттаму главно ја црпи и својата програма, велат организаторите.

„Размислувавме дали добиените пари од државата да ги потрошиме за некаква онлајн верзија како што тоа го прават некои помали фестивали, без притоа да имаме собирање и проекции во Битола или да го откажеме и да направиме едно скромно обележување“, изјави Иванов.

Тој додаде дека е непримерно да се пуштаат филмови онлајн и да се оценува уметноста на филмската камера, а исто така, во овие услови фестивалот е невозможно да биде прослава и славење на филмската уметност, кога филмаџиите не можат да се собират во Битола.

XS
SM
MD
LG