Достапни линкови

Напаѓачот од Крајстчерч осуден на доживотен затвор


Christchurch: shooter in court

Австралиецот Брентон Тарант, кој уби 51 лице во напад на две џамии во Крајстчерч во Нов Зеланд, е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода.

Тарант (29) ја признал вината по 51 точка од обвинението за убиство, 40 за обид за убиство и за тероризам. Судијата Камерон Мендер неговите постапки ги нарекол „нехумани“.

„Вашето злосторство е толку зло, па и доколку бидете доживотно затворени тоа нема да биде доволна казна“, рекол судијата Мендер.

Казната доживотен затвор безусловна слобода значи дека осуденикот нема да има можност да излезе од затвор кога ќе отслужи дел од казната. Слична пресуда никогаш порано не била изречена пред судот во Нов Зеланд. Нов Зеланд во својот правосуден систем нема смртна казна.

XS
SM
MD
LG