Достапни линкови

Телефонски разговор на Трамп со Ердоган за Медитеранот


Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган

Претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за регионални прашања, вклучително и Медитеранот, соопшти Анкара. Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа откако Анкара овој месец испрати истражувачки брод во спорните источни медитерански води, за што Атина смета дека е нелегална постапка.

Ердоган не се откажува од истражувањата во Средоземното море

Претходно вчера, Ердоган ја предупреди Грција да не ја тестира трпеливоста или храброста на Турција со ескалација на тензиите меѓу сојузниците на НАТО во врска со експлоатацијата на енергетските ресурси во источниот Медитеран. Турција и Грција се во спор околу правото за истражување за потенцијални наоѓалишта на нафта и гас во источниот медитерански регион, во кој сега влегуваат членки на ЕУ, како и други земји.

XS
SM
MD
LG