Достапни линкови

Говор на Трамп на последниот ден од републиканската конвенција


Претседателот Доналд Трамп зборува на првиот ден од Републиканската национална конвенција, понеделник, август. 24, 2020 година

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на последниот ден од конвенцијата на Републиканската партија на која е номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември ќе го одржи својот говор за прифаќање на кандидатурата пред бројна публика на Јужниот тревник на Белата куќа.

Трамп стана кандидат на Републиканците за претседателските избори

Трамп заостанува зад претседателскиот кандидат на Демократската партија Џо Бајден во анкетите на јавното мислење и републиканците се надеваат дека тој ќе добие поттик од конвенцијата на која се истакнати неговите реизборни теми за „законот и редот“ и растечката економија пред избувнувањето на коронавирусот. Конвенциите на двете партии беа драматично ограничени и се одвиваа практично без голема публика во живо за да се спречи ширењето на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG