Достапни линкови

Дводневна неформална средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Жосеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика

Овие неформални состаноци се одржуваат двапати на годишно ниво, а домаќини се земјите кои во тој момент го имаат претседателството на Советот на Европската унија. Средбата ќе се одржи во германската Федерална канцеларија за надворешни работи во Берлин, а домаќин ќе биде германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. На состанокот ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Комисијата Жосеп Борел.

Лукашенко бара спас во геополитиката, Западот ја научи лекцијата

Средбата ќе биде можност министрите за надворешни работи на ЕУ да разговараат за надворешно-безбедносната политика за стратешко значење за Унијата во неформален амбиент. Неформалниот состанок ќе започне со работна сесија за Белорусија во четврток на 27 август. Министрите ќе разговараат за најновите случувања во земјата и за можните реакции на ЕУ.

Шефот на германската дипломатија се вклучува во спорот меѓу Грција и Турција

Потоа, министрите ќе одржат сеопфатна дебата за односите ЕУ-Турција, вклучително и во врска со моменталната состојба во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Вториот ден од состанокот, петок 28 август, ќе започне со работна сесија за односите ЕУ-Русија и ќе заврши со работен ручек за геополитичкото влијание на ковид-19 и стратегискиот одговор на ЕУ. На неформалните состаноци на министрите за надворешни работи на ЕУ не се носат одлуки. Затоа, не се очекуваат правни акти или заклучоци на Советот на оваа средба.

XS
SM
MD
LG