Достапни линкови

Иран ќе дозволи инспекција на сомнителните нуклеарни локации


Шефот на МААЕ, Рафел Гроси и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иран се согласи да дозволи инспекција на две локации каде што наводно се случиле нуклеарни активности во минатото, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија-МААЕ. Одлуката е објавена на последниот ден од посетата на шефот на МААЕ, Рафел Гроси на Техеран.

Во заедничката изјава која ја објави МААЕ, Гроси и Али Акбар Салехи, шеф на иранската организација за атомска енергија, се наведува дека Иран „доброволно му обезбедил на МААЕ пристап до двете локации утврдени од агенцијата и олеснување на активностите за проверка на активностите со цел решавање на прашањата“.

Во соопштението се вели дека датумите за инспекциите се договорени, но не се наведува кога тие ќе се одвиваат.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија во прва посета на Иран

За време на првата посета на Иран од преземањето на раководството на МААЕ пред осум месеци, Гроси оствари разговори со Салехи, како и со иранскиот претседател Хасан Рохани, министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и други високи функционери.

Посетата се случи во услови на застој во односите помеѓу агенцијата Иран во врска со пристапот до двете локации со цел да се разјасни дали непријавена нуклеарна активност се случила таму во раните 2000-ти. Иран тврди дека МААЕ нема правна основа да изврши увид на локациите.

Управниот одбор на МААЕ донесе ретка резолуција во јуни, во која го повика Иран да обезбеди пристап до две локации, каде што во минатото наводно се преземале нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG