Достапни линкови

Нови 119 случаи на коронавирус, 5 починати и 297 оздравени лица


Луѓе со маски во Скопје. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи со ковид-19. Најмногу ззаразени 55 има во Скопје, потоа следи Прилеп со 13 и Куманово со 9 заразени. Починати се пет пациенти од кои двајца од Скопје на 46 и 50 годишна возраст, 46 годишен од Тетово, 63 годишен од Куманово и 82 годишен од Прилеп. Сите починале во болнички услови. Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти.

Повторните инфекции со коронавирус предизвикуваат загриженост за имунитетот

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во државата од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829.

XS
SM
MD
LG