Достапни линкови

Бугарскиот министер за правда поднесе оставка


Бугарскиот министер за правда Данаил Кирилов

Бугарскиот министер за правда Данаил Кирилов поднесе оставка од функцијата по разговорот со премиерот Бојко Борисов, соопшти Владата. Неговата оставка треба да биде усвоена во Парламентот, а наредната седница по летните одмори е закажана за 2 септември.

Таквиот чекор на 50 годишниот Кирилов следи по протестите низ Бугарија против, како што велат демонстрантите, контролата на олигарсите врз бугарскиот владин и судски систем. Демонстрантите бараат оставка од Борисов и државниот јавен обвинител Иван Гешев. Демонстрантите ги блокираат патиштата и секојдневно протестираат во Софија и во други градови речиси два месеци.

„Рестартот“ на Борисов не поминува кај Бугарите

Кирилов е остро критикуван како еден од авторите на контроверзниот предлог за нов Устав на Бугарија кој беше отфрлен од демонстрантите. Борисов сака да го преработи бугарскиот Устав што беше донесен во 1991 година по распадот на комунистичката власт, а потоа да бидат распишани и нови парламентарни избори.

Борисов бара нов Устав и предвремени избори, па ќе си даде оставка

Тринаесет години по влегувањето во Европската унија, Бугарија и натаму е најсиромашната и најкорумпираната земја во блокот, според индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл.

XS
SM
MD
LG