Достапни линкови

„Меѓународен сојуз“ - Ременски ќе докажува незаконски претрес


Архивска фотографија - Поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, пред почеток на првото рочиште за „Меѓународен сојуз“

На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сијуз“, Судот, на барање на обвинетата, поранешната пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски, го затвори судењето за јавност во делот кога требаше да се прикаже претресот во нејзиниот дом.

„Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видео-материјалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом“, изјави Ременски.

Во случајот „Меѓународен сојуз“ обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски - Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски - Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Ременски денеска рече дека со снимки ќе докаже незаконски претсрес во нејзиниот дом.

„Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот“, изјави Ременски.

XS
SM
MD
LG