Достапни линкови

Декрет на Ердоган за нови антикорона мерки


Архивска фотографија - Реџеп Таип Ердоган со заштитна маска после молитва во Света Софија, која неодамна беше пренаменета од музеј во џамија.

Во Турција бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 1.502 случаи за еден ден, што е најмногу од средината на јуни, според податоците на Министерството за здравство, поради што Владата ќе воведе нови мерки за запирање на ширењето на болеста.

Министерот за здравство Фахретин Коџа напиша на Твитер дека починале уште 24 лица, со што вкупно досега во земјата има 6.163 смртни случаи од Ковид-19.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека државните институции сега ќе можат да применат „флексибилни услови за работа“, како што е работа од дома. Ова беше објавено и со претседателски декрет, во кој се наведува дека се преземаат чекори за запирање на епидемијата во земјата.

XS
SM
MD
LG