Достапни линкови

Наставата ќе почне на 1 октомври


Илустрација

Мандатарот за нова влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за стартот на учебната година рече дека ќе има законски измени и дека учебната година ќе почне од 1 октомври.

„Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмениме, онлајн наставата е концепт за сите. Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври“, рече Заев, по предавањето на составот и програмата на новата Влада во Собранието.

Претходно беше утврдено дека учениците од прво до трето одделение ќе одат на настава во учулиште, со претходна дозвола од родителот, а останатите онлајн. Средношколците не сакаат онлајн настава, како што е одлучено, туку комбиниран модел со физичко присуство, поради што и најавија протест за во понеделник.

XS
SM
MD
LG