Достапни линкови

Продолжува судењето за организаторите на 27 април


Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази. На минатото рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљановски читаше делови од записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.

Судењето за „27 април“ продолжува на 26 август, Вељаноски повикал 50 сведоци

Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

XS
SM
MD
LG