Достапни линкови

Констатирани оставките од пратеничките места на идните министри


Собрание на Република Северна Македонија

По повеќе од 12 часа со паузи Собранието ги констатираше оставките од пратеници на идните министри и ги верификуваше мандатите на новите пратеници. За секоја оставка и верификација на мандатот на новиот пратеник беше одржана посебна седница. Седниците се одржаа без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците од Левица, кои ја напуштија собраниската сала со образложение дека процедурата е неделовничка и оти Верификационата комисија нема мандат да решава. Според нив, верификацијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.

Правни празнини овозможуваат вршење две функции?

Ваквиот потег на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го оцени како обид да се создаде ситуација во која нема да може да се верификуваат мандатите на идните пратеници што би значело нефункционално собрание и нова криза. Собраниската сала ја напуштија и пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива со барање верификацијата на мандатите да продолжи утре во 9 часот. На почетокот на работата, Собранието ја констатираше и оставката на Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими кој пак е предложен да го води ресорот финансии. На местото на Флорин Бесими, во Собранието беше верификуван мандатот на Бедри Фазлиу.

XS
SM
MD
LG