Достапни линкови

Во Висконсин прогласена вонредна состојба поради немири


Висконсин, немири

Гувернерот на Висконсин прогласи вонредна состојба, бидејќи градот Кеноша се подготвуваше за трета ноќ немири, предизвикани од видеоснимката со пукање на полицаец врз еден афроамериканец под се уште нејасни околности. Џејкоб Блејк (29) „се бори за својот живот“ во болница откако повеќе пати бил застрелан, соопшти неговото семејство на 25 август.

Од протестите и немирите во САД

Гувернерот на Висконсин Тони Еверс прогласи вонредна состојба, велејќи дека ќе распореди дополнителна Национална гарда по две ноќи на немири и грабежи уништени градот со 100.000 жители. Родителите на Блејк го осудија насилството во градот.

XS
SM
MD
LG