Достапни линкови

Грција и Турција на критична точка


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави во Анкара дека ситуацијата меѓу Турција и Грција е на „многу критична“ точка, но изрази уверување дека никој не сака спорот да го решава воено. „Постои волја од обете страни за дијалог“, рече Мас на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Ердоган не се откажува од истражувањата во Средоземното море

Министерот Чавушоглу рече дека Анкара е подготвена за дијалог со Атина „без предуслови“ во врска со спорот меѓу двете сојузнички во НАТО околу потрагата по нафтени полиња во источниот Медитеран. Мас претходно ја посети и Грција во обид да ги смири растечките тензии меѓу двете соседни држави во источниот Медитеран.

XS
SM
MD
LG