Достапни линкови

Ахмети: треба да продолжи партнерството меѓу СДСМ и ДУИ


Средба на лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, за формирање Влада

СДСМ и ДУИ направија многу работи заедно за време на тригодишниот мандат, колку што траеше последниот владин состав и партнерството со СДСМ треба да продолжи, изјави синоќа претседателот на ДУИ, Али Ахмети. „Заев се извини за тоа што во нелегално сниманите разговори кои беа објавени во изборната кампања ги нарекува Албанците дека не вредат пет пари“, рече Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ ТВ21.

Ќе издржи ли оваа влада четири години?

Тој потенцира дека нема несогласувања во ДУИ, и оти сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада. „ДУИ ќе даде зелено светло за новиот состав на Влада. Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада“, рече Ахмети.

XS
SM
MD
LG