Достапни линкови

Продолжува високата бројка на новозаразени во Албанија, домашни веселби на претек


Луѓе шетаат на плажа во Драч

Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени и на починати од ковид-19.

„Продолжува неповолната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во нашата земја, како во однос на новозаразени така и на починати. Во изминатите 24 часа регистрирани се 154 новозаразени лица, што е константна просечна бројка на новозаразени дневно во овој месец. И понатаму жаришта на болеста се Тирана и Драч, од каде се 94 односно 11 новозаразени, додека останатите се од речиси сите делови на државата“, информира Еугена Томини од Институтот за јавно здравје.

Во земјата во моментов има скоро 4000 активни случаи на коронавирус, а 259 луѓе починаа.

Таа го повтори апелот за строго почитување на препораките, посебно во угостителските објекти и на плажите на крајбрежјето кои се преполни, а мерките речиси никој не ги почитува.

И покрај високите казни кои веќе се изрекуваат, а изнесуваат еден милион леки (околу 8.400 евра) низ угостителските објекти на големо се прават свадби и други домашни веселби, по што редовно се јавува нов кластер на болеста.

XS
SM
MD
LG