Достапни линкови

Тимошенко во критична состојба од ковид-19


Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко е позитивна на коронавирус и се наоѓа во критична состојба. Тимошенко е префрлена на интензивна нега, соопшти нејзината портпаролка Марина Сорока.

„За жал сè уште немаме добри вести. Состојбата на Тимошенко и натаму е тешка. Од синоќа прима терапија според протоколот за ковид-19 и се наоѓа на интензивна нега“, напиша Сорока на својот профил на Фејсбук.

Пред два дена беше потврдено дека Тимошенко е позитивна на ковид-19 и дека е пренесена во болница, оти имала треска.

Тимошенко е првата украинска политичарка заразена со ковид-19.

Таа двапати беше премиерка на Украина, од 2005 до 2010.

XS
SM
MD
LG