Достапни линкови

Бурата Лаура се засили во ураган во Мексиканскиот Залив


Илустрација: Ураган

Бурата Лаура денеска прерасна во ураган во Мексиканскиот Залив со ветрови кои достигнуваат до 120 километри на час и станува закана за брегот на САД, објави Националниот центар за урагани. Лаура, според очекувањата, уште ќе се засилува додека утре ќе се приближи до југозападниот брег на американските сојузни држави Луизијана и Тексас, наведуваат метеоролозите.

Невремето би можело да покрене плимски бран повисок од три метри и да поплави цели градови. Националниот центар за урагани предвидува Лаура да стане ураган од трета категорија пред да дојде на копното со ветрови со јачина од 185 километри на час, кои може да направат разорна штета. Се очекува ураганот да стигне на копното утре доцна навечер или во четврток рано наутро.

Освен поплавите од ураганот, во делови од Луизијана се очекува дожд од 38 сантиметри на квадратен метар.

XS
SM
MD
LG