Достапни линкови

Шпанскиот премиер нуди војската да помогне во борбата против коронавирусот


Шпанскиот премиер Педро Санчес

Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска објави дека ќе ја стави војската на располагање да им помогне на регионите во борбата против експлозијата на новите случаи на коронавирус.

„Шпанската влада ќе им ги стави на располагање на регионите припадниците на вооружените сили да работат на трасирање на случаите“, рече Санчес во телевизиско обраќање.

Тој рече дека би можеле да бидат распоредени 2000 војници. Санчес посочи дека регионите може да бараат од владата да воведат вонредна состојба на целата или на дел од нивната територија, што меѓу другото овозможување и ограничување на движењето. Р

азвојот на епидемијата во Шпанија е „загрижувачки“, рече Санчес, но додаде дека земјата и понатаму е далеку од ситуацијата во која беше во март.

Шпанското Министерство за здравство вчера објави дека во последните три дена се регистрирани 19 илјади новозаразени со коронавирус. Најтешко погодени региони се Мадрид, Арагон и Каталонија.

Во Шпанија досега има над 400 илјади заразени, што е најмногу во Европа, а досега од коронавирусот починаа 28800 луѓе.

XS
SM
MD
LG