Достапни линкови

1768 тестирања, 127 нови корона позитивни, 5 починати, 60 оздравени


Илустрација - Медицинско лице доставува материјал за тестирање за Ковид-19 во лабораторијата на МАНУ во Скопје.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, петмина починати и 60 оздравени пациенти.

Нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-38, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-1, Битола-3, Кавадарци-11, Гостивар-22, Демир Хисар-1, Кичево-2, Неготино-1. Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.

XS
SM
MD
LG