Достапни линкови

120 милиони работни места во туризмот под ризик поради Ковид-19


Генералниот секретар на УН, Антонио Гутереш

Околу 120 милиони работни места во туризмот на глобално ниво се изложени на ризик поради пандемијата со Ковид-19, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Во првите пет месеци од оваа година, меѓународните туристички аранжмани се намалија за повеќе од половина и се изгубија околу 320 милијарди долари од извозот во туризмот“, рече Гутереш.

Тој додаде дека вкупно на директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот, пренесе ДПА.

XS
SM
MD
LG