Достапни линкови

Заев за утре го најави предлогот за Влада


Лидерот на СДСМ и мандатарот за нова Влада, Зоран Заев

Кога ќе заврши процедурата што денеска ја имаме во Собранието, ќе го поднесам предлогот за влада. Денеска до доцна ќе трае процедурата за верификација на мандатите, затоа што се најмалку 9 одлуки. Веројатно утре од сабајле ќе биде поднесен предлогот за влада, изјави денеска мандатарот за нова Влада, Зоран Заев.

Тој додаде дека потоа следуваат неколку дена пратениците да се запознаат со владината програма и автобиографијата на кандидатите за министри.

XS
SM
MD
LG