Достапни линкови

Ердоган не се откажува од истражувањата во Средоземното море


Илустрација - Турскиот брод за истражувања „Оруч реис“ во водите на Медитеранот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното големо откритие на резерви со природен гас во Црно Море е предвесник на новите вести за уште поголемо турско откритие.

„Имаме силни показатели дека откриените резерви се само најава за уште поголемо откритие. Наскоро се надеваме на слични вести и од Средоземното море“, рече тој во обраќањето по седницата на владиниот кабинет, пренесе МИА, повикувајќи се на информациите објавени од агенцијата Анадолија.

Турските истражувања за гас и нафта во Медитеранот се спорни за Грција. Тензиите меѓу членките на НАТО Грција и Турција се зголемија откако Турција го испрати истражувачкиот брод „Оруч Реис“, придружуван од воени бродови, за да направи истражување за наоѓалишта на нафта и гас на територијата за која двете земји тврдат дека имаат јурисдикција. Турција до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на бродот „Оруч Реис“ во Источен Медитеран. Во меѓувреме, Турција и Грција објавија дека имаат одделни воени вежби во источниот Медитеран.

XS
SM
MD
LG