Достапни линкови

Почнуваат уписите на УКИМ


Илустрација - Студенти со индекс

Со првиот уписен рок на 31 август и 1 септември почнуваат уписите во прва година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот од средно образование ќе биде објавена на 3 септември, конечната ранг-листа на 7 септември, а запишувањето на кандидатите ќе биде на 10 и 11 септември. Вториот рок за пријавување кандидати за прва година во 2020/2021 на УКИМ ќе биде на 15 и 16 септември, а третиот е на 28 септември на факултетите на кои ќе останат места

Според Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2020/2021 година, на 23-те факултети во негов состав се слободни вкупно 10 798 места за идни студенти. Од нив, 5 300 места се во редовната квота т.е. кои се финансираат од буџетот на државата, 4 438 се за кофинансирање на студиите и 1 060 слободни места има за вонредни студенти.

Надоместот за студии за редовни студенти останува како и во изминатите години 200 евра во денарска противвредност, а за студентите со кофинансирање и за вонредни е 400 евра.

XS
SM
MD
LG