Достапни линкови

Најмалку 15 загинати во оружен напад во Бурунди


Илустрација - Припадници на безбедносните воени сили во Бурунди

Најмалку 15 лица загинаа во вооружен напад во јужниот дел на Бурунди, но се уште официјално не е потврдено дали жртвите се припадници на безбедносните сили, цивили или напаѓачите, јави АП.

Борбите во округот Бугарама, во провинцијата Румонг, почнаа во неделата и траеја во текот на целиот вчерашен ден, изјави жител кој го избегнал нападот. -Вооружените напаѓачи ги киднапираа сите што ги сретнаа на патот и во неделата утрината ги убија, пред да се впуштат во борба со војската, кажа локален жител кој сакаше да остане анонимен.

Висок владин претставник изјави дека нападот, што се случи во моментот кога во земјата се одржуваа локални избори, не бил неочекуван и е потенцијално поврзан со репатријацијата на бегалците од Руанда.

XS
SM
MD
LG