Достапни линкови

Помпео ја продолжува турнејата по Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Мајк Помпео и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се наоѓа во петдневната турнеја на Блискиот исток, фокусирана врз нормализацијата на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, односно намерата на САД и другите арапски држави да го следат тоа. Помпео вчера во Ерусалим се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при што разговараа за неодамна објавениот историски договор меѓу Израел и САД, посредуван од Вашингтон.

Нетанјаху: Договорот со Емиратите сигнализира крај на формулата земја за мир

Израел и Емиратите на 13 август објавија дека воспоставуваат целосни дипломатски односи со договорот во кој е вклучена и израелски заложба да ги прекине своите планови за анектирање на делови од окупираниот Западен Брег. Овој потег беше поздравен од неколку држави од Заливот, но беше критикуван од Иран, Турција и Палестинците. Покрај Израел, според дипломатски извори, Помпео треба да ги посети Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Оман, Катар и Судан. На агендата на Помпео, исто така, ќе бидат вклучени и безбедносните предизвици од Иран и Кина во регионот.

XS
SM
MD
LG